Поранешниот началник во МВР Љубомир Мирчевски во емисијата Заспиј ако можеш открива дека владата, МВР и пред се обвинителството можат по итна постапка да покренат предмет против организаторите на клубот Цар Борис Трети во Охрид.
За разлика од владата пред се министерот за правда Тупанчевски и премиерот Ковачевски кои не прават ништо против клубот со образложе ке дека нема законска можност да интервенираат Ѓурчевски вели дека во членот 407а од Кривичниот законик има основа за затворање на клубовите со имиња на фашистички соработници и прогон за организаторите.
Во членот 407А од Кривичниот законик се забранува величење на луѓе кои меѓу другото се осудени за воени злосторства а во Охрид со отворање на клуб Борис Трети се велича човек кој бил дел од фашистичката коалиција која броела воени злосторства.
Царот Борис Трети како бугарски лидер е директно одговорен за воени злосторства врз над 7000 македонски Евреи кои под негова власта се однесени во Треблинка од каде никогаш не се вратиле.
Повеќе детали за можноста власта да ги гони тие што величаат фашистички лидери кои стоеле зад воени злосторства во видеото.