Продолжува случајот со Бесмира Ејупи која беше предложена за генерален конзул од владата, не замина поради реакциите во јавноста по што Бујар Османи тврдеше дека не ја познава а сега се откри е вработена во Министерството за надворешни работи.
Според екс министерот за надворешни работи и актуелен претседател на комисијата за надворешна политика во Собранието случајот со Ејупи е инфиција дека МНР кое го води Бујар Османи се претворило во фронт за покажување мачоизам а кадрите биле бирани не според знаењето туку според емоциите на тие што бираат.
,,За жал МНР стана институција за мачо-докажување меѓу владините функционери и за кадровска политика исполнета со многу емоции”, коментира Милошоски.
Ејупи е екс новинарка која добивала хонорари од повеќе институции кои ги предводи ДУИ а сега е дел од дипломатијата во МНР на Османи.
Никому не му е е јасно зошто ДУИ губи поени со инсистирањето да ја ,,вдоми” Ејупи во државна институција со акцент на дипломатијата.