Ахмети не може да го тргне од владата и партијата затоа што вицепремиерот Артан Груби има бомби со кои ги уценува Али Ахмети.
Екс министерот за финансии Џевдет Хајредини вели дека бомбите во кои има лоши работи за Ахмети на Груби му ги дал Зоран Заев и со тоа вицепремиерот станал незаменлив играч во ДУИ.
Во изјава за Алфа Хајредини вели дека
Ахмети е заробен од Груби, затоа мора да го брани, поседува бомби што ги добил од Заев, па сега Ахмети е врзан.
Ова според порнешниот министер за финансии и аналитичар Џевдет Хајредини е причина за благонаклонетоста на Ахмети кон Груби, во време кога дел од членството на ДУИ се крена против Груби.
Пред камерата на Алфа Хајредини ги толкува пораките на лидерот на партијата на власт, нагласувајќи дека ДУИ може без секого, ама не го издвои т.н. прв вицепремиер.
„Симптоматично е и што Али Ахмети не вика дека ДУИ може и без Артан Груби. Можеби тоа му е лапсуз, меѓутоа, има факти кои збортуваат дека тоа не е случајност, затоа што, од она што е познато, Артан Груби по вина на Зоран Заев располага со т.н. „бомби“, кои се се забранети со закон. Али Ахмети избегнува да го спомне, затоа што и тој самиот е заложник на Груби.“ – Истакна Хајредини
Тој додава и дека преслушкуваните разговори кои ги поседувал Груби му дозволиле да се стекне со, како што вели, против-уставната функција прв-заменик премиер.
„Артан Груби затоа што располагаше со такви адути, успеа да се избори за позиција „прв заменик“ – што го нема во ниту еден закон или во уставот. Во уставот нема ниту заменик премиер. Уставниот суд тоа го забрани. А тој, како што му одговара, да биде прв и да не работи ништо од она за кое е платен, а да работи за тоа што не е платен.“ – Додаде Хајредини
Целата сторија на Алфа ТВ
Последна вест
Напаѓачот од кој Бугарија се плаши најмногу не влезе во игра
Кој е човекот со кој Македонија вчера сигурно ќе ја победеше Бугарија (ТВИТ НА ДЕНОТ)