Антикорупциската комисија бара Обвинителството да покрене кривична пријава против поранешниот градоначалник на Гази Баба, Борис Георгиевски.
Георгиевски се товари за злоупотреби при изградбата на новиот салон за автомобили на „Волво“ во Маџари, кој е изграден без одобрение.
Имено, тој дал одобрение за градба осум месеци откако објектот бил свечено пуштен во употреба“.
Било утврдено дека градбата е почната да се гради без одобрение и без да се донесе Деталниот урбанистички план,а ексградоначаникот постапил спротивно на законот.
„Одобрението за градење во случајот со „Волво“, во прва фаза е донесена на 17.02.2020 година, а за втора фаза на 30.09.2020 година, а во медиумите, на 28.06.2019 година објавена е информација дека свечено е пуштен во употреба новиот салон за автомобили, токму во објектот започнат со градење како дивоградба“ објасни Нури Бајрами, член на ДКСК.
