Сашо Поцков, кој до 2021 беше градоначалник на Гевгелија, стана директор на две коцкарници на Монополи Консалтинг, компанија која се занимава со игри на среќа од истиот град.
Монополи Консалтинг е компанија формирана во октомрви 2019, а Поцков, инаку магистер по економски науки, сега е управител на двете подружници на местото на Марјан Николовски.
Двете подружници на Монополи Консалтинг се со дејност „коцкање и обложување“ и се на адреса во Сретеново, Стар Дојран, и во Боговиње.
Од она што може да се пребара кај Министерството за финансии, друштвото добило лиценца за автомат клуб во Боговиње во февруари годинава. Лиценцата е во траење од шест години за што треба да се уплати надоместок од 78.750 евра.
Во информацијата за издадената лиценца од Министерството за финансии, може да се прочита дека друштвото на крајот од минатата година ума уплатено основна главнина од 2.544.688 евра.
Линк до целиот текст.
https://faktor.mk/doskoreshniot-gradonachalnik-na-gevgelija-stana-direktor-na-kockarnici