Борче Георгиевски склучил договор на 17 август склучил договор за реконструкција на улично осветлување со лед светилки и софтвер за истите за паметно осветлување и тоа во вредност од 1.7 милиони евра со ДДВ со една скопска фирма.
Со договорот се обврзал 20% од договорената сума да ја исплати авансно, односно пред да отпочне работата, објави ВМРО-ДПМНЕ.
„Овој договор за авансна исплата Георгиевски го склучил 1 месец пред избори. Георгиевски со парите кои ги трошел на овие договори, но и договорите кои ќе ги презентираме во иднина можел да ја направи Гази Баба најосветлена општина во Македонија“, велат од партијата.
За ова вчера прес-конференција имаше и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој рече дека согласно трите договори за јавна набавка, со кои за само 103 дена се исцрпени 11 милиони денари, дневно додека траела реализацијата, се трошеле 106.796 денари, што практично е неизводливо.
Следуваше реакција од екс-градоначалникот Георгиевки.
„Овој проект предвидува етапна комплетна замена на сите улични светилки со смарт штедливи светилки. Конкретно во овој повик станува збор за замена на 4000 улични натриумови светилки со лед светилки.
Авансното плаќање е предвидено во тендерските услови и служи за набавка на дел од техничката опрема предмет на јавната набавка, бидејќи остатокот од инвестицијата предвидено е да се плаќа одложено на 36 рати и тука повторно нема ништо спорно.
Изведувачот пред добивањето на авансот, согласно договорот, треба да приложи банкарска гаранција до општината што е и услов за исплаќање на авансот за набавка на техничката опрема, што значи повторно нема ништо спорно.
Рокот за имплементирање на овој договор е 8 месеци, односно наплатата на преостанатите 80% од средствата се извршува по целосното имплементирање на проектот“.
Борче Георгиевски побара јавно извинување од портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски или во спротивно најави дека ќе поднесе тужба за клевета.
