По неколкуте екс градоначалници од СДСМ кои по поразот на локалните избори беа вработени во МВР и поранешната градоначалничка на Арачиново Миликија Галии се пофали на социјалните мрежи дека станала инспектор во Царина.
Халими има заснован работен однос на определено време, на работно место инспектор во Сектор за контрола и истраги, со средно образование, потврдиле од Царина за „Фокус“.
Ниту нејзиното средно ниту високо образование не е соодветно за позицијата која ја има Халими а за која има добиено и полициско овластување кое не би требало да го има според процедурите во институцијата, тврдат извори во Царина.
Екс градоначалничка на Арачиново, од редовите на СДСМ во Царинската управа работи како инспектор во Сектор за контрола и истраги, потврдуваат од Царинската управа за „Фокус“.
Халими е вработена на определено време на работното место за кое се бара средно образование.
,,Миликија Халими има заснован работен однос на определено време во Царинската управа од 01.10.2022 година, по спроведен јавен оглас за вработување на определено време, на работно место инспектор во Сектор за контрола и истраги, со средно образование согласно Правилникот за систематизација”, велат од Царина за „Фокус“.
Халими на социјалните мрежи објави дека се вработила во Царинската управа, но таа објава потоа ја избриша.
Халими завршила средно образование во Медицинскиот центар во Тетово а дипломирала на Педагошкиот факултет во Скопје во 2006 година.
Предходно екс градоначалникот на Вевчани од СДСМ кој беше работник за надгробни споменици стана инспектор во МВР Охрид.