Поранешната директорка на УЈП Анастасија Илиеска цитира извештај на Државниот завод за ревизија според кој Дирекцијата за трговско индустриски развојни зони (ДТИРЗ) е ,,полн брод со пари кој троши, плови без цел, насока и контрола”.

Илиевска анализира неколку параметри кои укажуваат дека во оваа институција и областа на инвестициите на Македонија и се случува негативен развој на состојбите.


За некои од наводите на Илиевска веднаш треба да реагираат обвинителството и Антикорупциската комисија:

* Владата од 2017 НЕМА стратегија за привлекување на странски инвестиции

* Владата нема контрола врз развојот , работењето и постигнатите резултати на зоните бидејќи ДТИРЗ не доставувала годишни извештаи за работењето на зоните од 2017 до 2021

* Грешни завршни сметки за 2020 и 2021

* ДТИРЗ раскинала договор и не презела мерки за наплата на договорни казни

* Овластени лица од ДТИРЗ во директно преговарање со корисниците дели државна помош во пари

* Ревизијата утврдила дека фирмите работат без технички прием и одобрение за употреба

* 85 редовно вработени плус 72 вработени лица на договор на дело, а ДТИРЗ дополнително ангжира надворешни компании за вршење на нејзините дејности утврдени со закон

Директор на ДТИРЗ е Јован Деспотовски висок функционер на СДСМ.