Вжештувањето на македонско-бугарските односи предизвика поголем интерес на македонските медиуми за состојбите во Бугарија.

Барајќи информации за спорот со Македонија во бугарските медиуми можат да се најдат и други интересни теми кои инволвираат луѓе што ги познава и македонската јавност.


Деновиве бугарските медиуми пренесуваат коментар на поранешниот бугарски амбасадор во Скопје Александар Јорданов (2001-2005) која е интересен и за Македонија.

Јорданов коментира дека е идиотизам сувенири со бугарските револуционери Христо Борев и Васил Левски да се продаваат по пазарите заедно со тие на комунистичкиот диктатор Тодор Живков.

На крајот на својот коментар дипломатот и политичар Јорданов заклучува дека: “Нема ни ден одмор за бугарскиот простотилак”.