Екс амбасадорка и шефица на Груби зажали за употребата на терминот Северномакедонци

Екс холандската амбасадорка во Македонија Симоне Филипини која му беше шефица на вицепремиерот Артан Груби додека ја водеше Холандската амбасада зажали за јавно користење на термин навредлив за Македонците.

Филипини која беше учесничка во Шарената револуција во пост со кој лобира да се гласа за Македонија во ОН каде во директна конкуренција со Русија се бира член на важно тело на Светската организација, го употреби зборот Северномакедонци.

Иако подоцна се извини со тврдење дека се работи за грешка во куцање Филипини доби стотици реакции од кои огромен дел се емотивни и крајно навредливи.

Во твитот таа навистина прави грешка во пишување и пишува Northacedonians но тие што реагираат не се лутат што ја нема утнатата буква М во овој збор туку што Филипини не пишува Македонци (Macedonians) туку Северномакедонци.

Според начинот на кој е пишувана реченицата и членувањето на кованицата јасно е дека не е грешка во куцање и дека Филипини сакала да напише Северномакедонци а не Северна Македонија како што тврди во извинувањето.

Предходно во два наврати истото му се случи и на францускиот претседател Макрон кој не се ни извини за навредите кон Македонците.

Дел од коментарите на твитот не се за јавно прикажување.