Екс амбасадор смета дека Заев ќе даваше поинакви изјави ако живи изгорените не беа Албанци

Екс амбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи анализира дека начинот на кој премиерот со ладнокрвност и без емоции зборува за Тетовската трагедија се должи на тоа што жртвите не биле Македонци.

“После вакви зборови и вакво ракоплескање, не може веќе да се премолчи дека леснотијата на такви изјави и аплаузи се должи на етничкото потекло на жртвите.
Заев и дружбата само си го покажуваат вистинското лице”, пишува Зеколи.

Зеколи добро забележал дека кај премиерот барем од тоа што го покажува пред јавноста веќе не чувствува сериозна тага за жртвите.

Тој дури прави шеги со јасно насмеано лице иако од трагедијата има поминато само десетина дена.

Зеколи коментира на изјавата дадена од премиерот Заев на настан на македонските здруженија на пензионери каде тој рече дека е банално да се разговара за морална одговорност за пациентите кои живи изгореа во тетовскиот Ковид центар.

Неговите изјави беа придружени со ракоплескање од дел од пензионерите.

Дека Заев веќе речиси и да нема тага за трагедијата во Тетово покажа и на друга денешна прес конференција со министерката Шахпаска на која освен што се смееше дури и правеше шеги пред новинарите.

Што кажа и како се однесуваше денеска Заев пред пензионерите?

За Заев банално е да се разговара за одговорност за 14 живи изгорени (ВИДЕО)

Власта засега ги крие идентитетите на починатите но неофицијално се работи за најголем број на Албанци меѓу нив.