Економијата во „слободан пад“

Капиталните инвестиции во земјава целосно потфрлија – за шест месеци државата потрошила само 16.6 отсто од средствата планирани за инфраструктурни проекти за годинава.

Најновиот извештај на Министерството за финансии покажува дека во периодот јануари – јуни биле вложени само 65.3 милиони евра од вкупно планираните речиси 392 милиони евра, пренесува порталот „Денар“.


Запирањето на големите проекти, изградбата на автопатите, но и на не започнувањето на нови е причината за ова иако во првата половина од 2018 требало да бидат потрошени половина од парите предвидени за изградба потрошени на патишта, железници, водоводи, училишта, градинки, болници.

Според податоците, дури и во јуни има помала реализација на капиталните инвестиции во однос на претходните четири месеци.

За ваквите показатели, виновна е континуираната политичка криза, смета премиерот Заев кој, пак е уверен дека до крајот на годината ќе биде остварен планираниот економски раст од 3.2 насто.

За лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, Македонија доживува „стопанско уништување“.