• Бизнис заедницата бара враќање од „партиската“ кон „државната агенда“преку Декларација за општествен консензус и за економски реформи, политики и мерки, што Стопанската комора на ја донесе на својата стогодишнина.
  • Членките на Управниот одбор на Стопанската комора, одржаа седница на која се дискутираше за актуелната економска состојба во државата која ја зголемува и онака присутната неизвесност на реалниот сектор. Да се биде во чекор со настаните несомнено бара голем ангажман, визионерско размислување, како и соодветни технички и кадровски потенцијали за да се одговори на барањата и потребите на компаниите. Што значи, подготвени сме заедно со сите носители на економските политики да изградиме просперитетна држава и не се откажуваме од таа цел.

Претседателот на Комората Бранко Азески ги повика сите парламентарни политички партии да ја потпишат Декларацијата бидејќи смета дека на тој начин сите релевантни општествени чинители би се согласиле дека во наредните 10 години приоритет ќе има економијата.

Во државата во овој момент состојбите се јасно дефинирани, со бројки докажани, со факти докажани дека не можат да обезбедат развој за нас и да отворат перспективи за младите генерации. Време е да ги дефинираме приципите на соработка меѓу приватниот и јавниот сектор. Време е да ги обединиме нашите сили и да работиме заедно, било како компании, универзитети, академска заедница или политички партии, за да го оствариме нашиот заеднички потенцијал. Во наредните 10 години приоритет да и се даде на економијата“, вели Азески.


П.С. Во минатата моја колумна најавив, вели Азески, дека Комората работи и на предлагање на големи инфраструктурни проекти за искористување на компаративните предности на Македонија. Управниот одбор формира група на експерти кои заедно со Стручната служба на Комората ќе предложат соодветни решенија. На сликите подолу гледате мала статистика за железницата и веќе изградениот нафтовод.