Повторно гори депонијата во Буково која претставува еколошка бомба-посебно во вечерните часови и рано наутро неподнослива миризба и чад се чувствува воодредени делови на градот и охридската околина.Ние жителите од поранешната коселска општина во која гравитираат 6 села,се удавивме од депонијата која тврдам дека постојано гори-вели претседателот на месната заедница од село Куратица.

Јазикот од чад буквално можете да го гледате на социјалните мрежи го споделивме,од Буково до Требеништа и цел Охрид е зафатен.Ево лично го повикувам градоначалникот бидејќи кажува будно ја следи состојбата ево ќе кажам дека не ја следи воопшто и воопшто не се ангажираат бидејќи ние на неколку дена одиме Буково и гледаме што се случува, дека воопшто ништо не се превзема – изјави Горан Ангелоски – претседател на месна заедница Куратица.

Нема никаква активност од надлежните,велат граѓанските активисти –тоа не натера да побараме судската власт во државава да ја превземе својата улога и да и нареди на извршната власт да си ги спроведува законите во делот на управување со отпадот.Негативните последици ги чувствавме и сега, но тие ќе стануват се’ поголеми се додека станат неподносливи-потенцираат граѓанските активисти.

Имав прилика на почетокот на овој месец, да ја посетам депонијата во Буково.Она што непријатно ме изненади е што ситуацијата на депонијата е многу полоша на ситуацијата со струшката депонијата. Депонијата во Буково е многу поголема.Многу полошо се менаџира со таа депонија во моментот и за сега сме првично сме во преговори за поведување за слична судска постапка, како за онаа што е поведена за дивата струшка депонија – изјави Глигорие Ќатоски-граѓански активист.

Целиот текст тука.