Aктивисти од Движењето за чист воздух и доделија пехар на Цементарница Усје во Скопје за „Трујач на годината“.
Тие, на денешниот протест го блокираа влезот во фабриката и побараа целосна забрана за каков било отпад кој досега се користел како гориво.
„Протестот не е конкретно насочен кон Цементарница Усје, туку кон корупцијата во Македонија. Нас нè труе корупцијата, поврзаноста на политичарите, оние кои се на битни функции со ваквите индустрии кои се во централните градски подрачја кои нè трујат и нè лажат дека тие не се причинители за загаденоста, туку сме ние граѓаните.
Ние сме иритирирани најмногу од политиката“, изјави активистот Марјан Ненов за Радио МОФ.
Од Движењето нагласија дека ова не е единствен протест и дека ќе продолжат блокадите на индустриите.