ЕКРИ загрижена за правата на ЛГБТИ заедницата во земјава

Во Извештајот на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРИ) објавен денеска, се забележува и дека сѐ уште не е спроведена независна сеопфатна студија за сите форми на дискриминација на ЛГБТИ лицата во земјава.

Од 2016 година с.Македонија постигна напредок и разви добри практики на повеќе полиња во справувањето со расизмот и нетолеранцијата, но сепак некои прашања и натаму се причина за загриженост, особено во однос на дискриминацијата на припадниците на ЛГБТИ заедницата и на Ромите…

Нема акциски план за ЛГБТИ или платформа за дијалог меѓу Владата и ЛГБТИ заедницата – се додава во Извештајот.

Во документот се нагласува и дека во земјата сѐ уште не постои правна рамка која би им овозможила на истополовите двојки препознавање и заштита на нивните врска, со цел „да ги решат практичните проблеми поврзани со општествената реалност во која живеат“, како и дека условите за официјално признавање на нов пол на една личност сѐ уште не се јасно регулирани.

Комисијата наведува и дека без судска разрешница завршиле „нападите врз ЛГБТИ центарот во Скопје, што постојано се случуваа“.

„Немањето соодветна казна за вакви инциденти на криминал поттикнат од омраза може да доведе до опасно чувство на неказнивост и отсуство на ефективно одвраќање од идни напади“, заклучува Комисијата.