ЕК со ексклузивна честитка за кирилицата до Бугарија

Европската комисија односно владата на ЕУ денеска ексклузивно и ја честиташе кирилицата на Бугарија.

Честитката е упатена само кон Бугарија што е доживеано со сомнеж од страна на повеќе други европски земји меѓу кои и Македонија поради сесловенската вредност на кирилицата.


За многумина во Македонија овој гест на ЕК значи дека Брисел одбира страна во спорот меѓу Македонија и Бугарија која стави вето на македонските преговори со ЕУ.

“Денес Бугарија ја слави кирилицата.

Среќен 24 мај, Бугарија! Честит празник на сите Бугари!

Ние сме обединети во различностите и Европа е незамислива без своето културно богатство”, напиша ЕК на својот Твитер профил.

Ваква честитка не е упатена на Македонија, Црна Гора или Србија кои исто така ја користат и денеска ја слават кирилицата.