Бугарија може одново да се откаже од гасовод низ нејзина територија 4 години по пропаѓањето на проектот „Јужен поток“ во декември 1914 година, пишува Еуобсервер.

„Европската комисија нема да го поддржи“ проектот, ако гасоводот не ги исполнува условите, рече заменик-претседателот на ЕК, Марош Шефчович, кој раководи со енергетската политика на ЕУ.

ЕК „ќе реагира во рамките на своите овластувања“, ако Бугарија ја поткопа енергетската безбедност на ЕУ, додаде тој во коментарот за ова прашање.

Низ 484 километри долгиот гасовод низ Бугарија предвидено да се транспортира руски гас во Европа, поврзувајќи се со новиот „”Турски тек“ од Русија односно од Турција каде што веќе е стигнат.

Русија моментно гради втор гасовод кон Германија , таканарешениот „Севере поток 2“.

Претходниот проект на Москва – дури и поамбициозниот „Јужен поток“ – требаше да испорачува гас директно од Русија во Бугарија, потсетува  ЕУобсервер.

Москва, сепак, го напушти проектот во 2014 година, кога ЕК соопшти дека „Јужен поток“ ги прекршува правилата на единствениот пазар.

Парламентот на Бугарија на 30 ноември го одобри проектот за поминување на еден крак од „Турскиот поток“ низ Бугарија.

Бугарските министерства за енергетика и надворешни работи одбија да дадат коментар, пишува Investor.bg.