ЕК предлага: Колку право и демократија – толку пари

Европската комисија сака да ja поврзе распределбата на средства со владеењето на правото во земјите-членки.

Предлогот е одговор на Брисел на спорот на ЕУ со Полска околу судските реформи во оваа земја. Според Брисел тоа ги поткопува принципите на независна правда и поделба на власта. ЕК долго време ја критикува и Унгарија за кршење на демократските принципи, пренесуваат медиуми.

Во зависност од тежината на прекршувањето на правото и на демократските принципи добивањето на средства од европскиот буџет може да биде привремено прекинат, краткорочно или ограничено“, се вели во нацрт буџетот за 2021-2027 година

Почитување на принципите на правната држава во сите земји од ЕУ е „предуслов” за правилна употреба на финансиските средства, изјави претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер во Европарламентот.