Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го критикуваше унгарскиот закон за хомосексуалноста како „срамен“.
Минатата недела унгарскиот парламент расправаше за закон во кој педофилијата и хомосексуалноста се опфатени со истата правна рамка, а забрането е информирање на младите за други сексуални ориентации на училиште и на телевизија.
„Унгарскиот закон ги дискриминира луѓето „врз основа на нивната сексуална ориентација“ и ги крши „основните вредности на Европската унија“, изјави Фон дер Лајан во Брисел.
Таа побара ЕК да испрати писмо до Унгарија и да се изрази загриженост „пред законот да стапи на сила“.
Претходно, белгиската министерка за надворешни работи Софи Вилмс изрази задоволство од фактот што 13 земји потпишаа резолуција во која се нотира дека новото унгарско законодавство ги поткопува европските вредности:
„Унијата заснована на вредности не е мени оф кој секој слободно избира“, речеВилмс нагласувајќи: „Ние имаме колективна одговорност да ги штитиме сите граѓани на Европската унија и мораме гласно да ги искажуваме своите грижи.” Б92
