Европската  комисија предлага земјите-членки да дозволат влез само за граѓаните на земји кои не се во Европската Унија (ЕУ) кои ги примиле двете дози на вакцините против ковид-18, а кои се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА).

До денес, Агенцијата има одобрено само четири вакцини: „Фајзер/Бионтек“, „АстраЗенека“, „Модерна“ и „Јансен“ (Џонсон и Џонсон).

ЕМА се очекува да ги одобри кинеските на „Синофарм“ и „Синовак“ деновиве. Според последниот статус од 23 април, СЗО сè уште нема предвиден рок за одобрување на руската вакцина „спутник“ на институтот Гамалеа.

Таа одлука ќе се донесе откако ќе бидат поднесени сите податоци и завршени сите инспекции, од кои последните две се планирани за мај и јуни.СДК:МК