Европската ракометна федерација (ЕХФ) застана зад македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, отфрлајќи ја жалбата на Шведска за голот на Елохим Пранди по истекот на времето за израмнување на 27:27 и продолженија, по кои Франција славеше со 34:30 и се пласира во финалето на Европското првенство во Германија.
Швеѓаните се жалеа што Начевски и Николов не побараа прегледување на снимката од погодокот од слободно фрлање од 12 метри, но Дисциплинската комисија на ЕХФ објасни дека не биле обврзани да го сторат тоа.
„По внимателно прегледување на ситуацијата, утврдивме дека не е обврска на судиите да се користи ВР-технологијата. ВР се користи само кога судиите имаат основани сомненија за донесување правилна одлука или кога не можат правилно да ја согледаат ситуацијата. Одлука на судиите или на делегатот е дали ќе се користи ВР. Одлуката да не се користи ВР потпаѓа под правните регулативи на ЕХФ како и на ЕХФ ЕУРО регулативите и ќе се смета за фактичка и затоа конечната одлука не е предмет на никаква жалба. Поради тоа, жалбата се отрфла како неоснована“, стои во соопштението на европската куќа на ракометот.
Чудото на Пранди на видеото: