Егзодус во Слупчане, стотици заминуваат

Околу 260 млади луѓе, дел од нив вработени во администрацијата, медицински техничари, технички лица, инжинери и вработени во агенции за вработување за само еден месец го напуштиле липковското село Слупчане и заминале да живеат во западните земји.



Според порталите Фол.мк и Алмакос.цом младите луѓе од Слупчане ја напуштаат работата во администрацијата и мизеријата со цел да бараат подобар живот во ЕУ.

Оваа информација за порталите ја потврдуваат и туристичките агенции преку кои секој месец огромен број млади Албанци засекогаш заминува во западни земји.

Наставниците одамна предупредувале на егзодусот на Албанците од овој крај поради што се помал е бројот на ученици.

За порталите главната причина за заминувањето е влошениот стандард и урнатиот дигнитет на граѓаните Албанци во овој регион.

Медиумите потсетуваат дека ДУИ иако на локалните избори победи во општина Липково, беше поразена во “легендарното Слупчане”.