Во киломатарски колони, долги вкупно 700 километри, синоќа илјадници граѓани на Париз го напуштија градот.



Француските медиуми јавуваат дека многу парижани го напуштиле градот и своите станови, со цел да го избегнат „локдаунот“ пред полицискиот час во 21 часот.

Денес стапи на сила карантинот кој ќе трае до 2 декември и за време на кој на граѓаните ќе им биде потребна посебна причина на да ги напуштат своите домови.

Слични колони беа забележани на периферијата на некои други големи градови, како што се Лион и Бордо, кои потсетуваат на егзодусот снимен на улиците на Париз во март пред првото затворање на градовите.