Едроган не го менува датумот на изборите поради земјотресот

Претседателот на Турција денеска изјави дека претседателските и парламентарните избори во земјата ќе се одржат на 14 мај, според планираното, нешто повеќе од три месеци по разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 45.000 луѓе.

„Оваа нација ќе го направи она што е неопходно на 14 мај“, рече Реџеп Тајип Ердоган во говорот пред пратениците на неговата Партија на правдата и развојот (АКП).

Ердоган не го помести датумот на изборите поради земјотресот и ги осуди оние кои ја критикуваа неговата влада за лошата реакција по земјотресот на 6 февруари.

Турскиот претседател порача: „Ќе им дадеме соодветен одговор на 14 мај“.