Претседателот на комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски кој вчера беше гостин во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија на крајот е забележан како ги прекршува правилата за кои предходно беше дециден во емисијата.

Веднаш по гаснењето на камерите Караџовски кој носеше не една туку две маски и изјави дека ако домаќинот Гоце Михајловски не носел маска немало да влезе во студиото ги вади маските.

Тоа се забележува во одјавната шпица на “Само интервју”.

Моментот кога Караџовски ги вади маските е на крајот на видеото на Канал 5.