Светската здравствена организација доби известување од Северна Кореја дека не евидентирала случаи на коронавирус на нејзина територија, пренесува АП.

Претставникот на СЗО во Пјонгјанг, Едвин Салвадор, изјави дека Северна Кореја направила 23.121 корона тестови и дека сите резултати биле негативни.

Според Ел Салвадор, од 26 март до 1 април биле тестирани 732 лица.

Северна Кореја објави дека нема да учествува на Олимписките игри во Токио, со цел да ги заштити своите спортисти од „светската здравствена криза предизвикана од болеста Ковид-19“.