Една војска, повеќе рала различни војнички цокули

Интересна ситуација на завршната церемонија на воената вежба “Одлучен удар 21” дел од најголемата воена вежба DefenderEurope што заврши денеска на Криволак во која учествуваат македонски и американски војници.

На фотографиите објавени од настанот кој е оценет како успешен проект за интероперабилност на НАТО армиите се гледа дека десетината македонски војници кои јасно се гледаат на фотографиите носат различни војнички цокули.

Министерството за одбрана предходно во неколку наврати објави дека набавило кондури за војниците поради што не е јасно зошто војниците сега носат различни обувки.

Ликовите на војниците на АРМ се намерно избришани затоа што тие не се виновни за изборот кои кондури ги има и ќе ги носи.

“За 4 години не успеаја ниту чизми да купат за сите војници.
Војската со ништо не заслужила да биде понижувана заради неспособноста и личните интереси на Шекеринска”, пишува полковникот Драган Ковачки засрамен од односот на министерството за одбрана кон војниците кои наместо сите во иста опрема денеска се сликаа со повеќе различни цокули.

Наспроти Ковачки министерката Шеќеринска е горда на себе како министерка за одбрана.

“Модернизацијата на Армијата не запира. По новата лична опрема, спортска и алпинистичка опрема, АБХО, гортекс одела, инженериските машини, влечни возови, дел од армиските капацитети ќе станат и овие нови лесни оклопни возила од американско производство. Денес на Криволак се уверивме во нивните исклучителни перформанси. Така ја личи нашата Армија во НАТО”, пишува Шеќеринска споделувајќи фотографии од настанот за кој во постот ја користи придавката американско но не и придавката македонска за армијата.

Линк до постот на Шеќеринска

https://www.facebook.com/46479180162/posts/10157687137635163/