По одлуката на Индија која да им нареди на своите 1,3 милијарди жители да останат дома, бројот на луѓето кои се ставени во изолација драматично се зголеми на драматични 2,6 милијарди.
Тоа претставува повеќе од една третина од целото светско население, согласно проценките на Обединетите нации дека во светот во 2020 година живеат 7,8 милијарди луѓе.
Најмалку 42 држави и територии досега воведоа задолжителна изолација, меѓу нив Британија, Франција, Италија и Шпанија, како и Колумбија, Калифорнија во САД, Непал, Ирак и Мадагаскар.
Индија и Нов Зеланд се последните земји кои се приклучија на листата, откако вчера тоа го стори и Јужна Африка.
Досега во светот регистрирани се 400 илјади заразени од Ковид-19 и 18 илјади починати.
(ДВ)