Една третина граѓани со „единица“ го оценуваат владеењето на премиерот

Над една третина од граѓаните со негативна оцнека го оценуваат владеењето на Димитар Ковачевски, покажува анкета на агенцијата ИПСОС спроведена на 1.014 испитаници за периодот од 01 до 18 јули 2022 година.

На прашањето „Како би го оцениле досегашното работење на Димитар Ковачевски како премиер на Република Македонија со оценка од 1 до 5, при што 1 е многу лош резултат, а 5 е одличен резултат? – одговорите биле:

• Оценка 1 – 36%
• Оценка 2 – 15 %
• Оценка 3 – 20%
• Оценка 4 – 11%
• Оценка 5 – 8%
• Не знам – 10%