Над 200 најголем дел критички коментари на објавата на владата дека премиерот и дел од министрите во текот на огнената стихија се на плажа и дека нема да се вратат до 12 август.

Тоа е една од главните причини зошто премиерот Заев го прекина одморот на засега непозната егзотична дестинација и се врати во Македонија.

“Во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор.

Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки.

Согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно.

Овие денови теренската координација е обезбедена од страна на првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство Арjанит Хоџа, министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација Шакири и Бајдевски, министерката и заменик министерот за образование Царовска и Шабани, заменик министерот за внатрешни работи Буши, заменичката министерка за животна средина Оџаклиеска, заменикот министер за труд и социјала Енвер Хусин, заменикот министер за здравство Илир Хасани, заменик министерот за правда Нухиу.

Премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, а е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции”, објави вчера владата на Фејсбук по што следуваа стотици силни коментари.

Дел од коментарите:

Како не ви е СРАМ. Државници ПРЕКИНУВААТ посети доколку се во странска држава, вие се сончате по плажи,а пола држава ви е во пламен

Лесно е кога друг ќе ве донесе на власт, а не народот. Да бевте народни избраници ќе работевте 24/7, а вака кој го прашува народот, нека изгори цела држава, битно е калето да ги наштима изборите. Сигурно и локалните се наштимани, па мува не ве лази, си се прчите кај вашите браќа грци кои дебело ви ги наполнија џебовите за северна. Само каде душата ќе ви оди? Заборавив, вие сте без душа, си ја продадовте на ѓаволот.

Шо бе? Видовте дека излегоа слики од плажи па ај ќе ги периме?

Образ Ѓон, не ја ни криете ароганцијата повеќе.

Абе не сте нормални!!! Проблем ли е деновите ако ви пропаднат?! Не работите во бутик, министерства водите. Државата гори, вие се сончате. 🤷‍♀️🤦‍♀️

Никакво сочувство и никакво разбирање со луѓето што се мачат да си ги заштитат сопствените живот и имот и колективните добра, шумите, дивите животни. Никаква логистика, организација, средства, опрема, све старо, офуцано, странци волонтираат, па уште и во самиот хаос покажувате дека тотално ви е небитно се’ што се случува. Да ви преседне на сите и исто да ве снајде!

Немој случајно да заборавите да забраните користење денови од одмор на медицинските лица од есен!

Абе не ли ви е срам вакви работи да објавувате? Не ли ви црвенее образот кога ги читате коментарите? Зар не ви се тресат раце кога гледате каков огорчен народ има околу вас?

Од сегде бараме помош да не изгориме живи они на одмор требале да одат – дно сте

Сите коментари на овој линк

https://www.facebook.com/147981758594357/posts/4327404873985337/