Родителите на малиот генијалец Македон Димитриевски кој освои три златни медали на светски натпревари откриваат дека големите ветувањата што ги добиле од владата односно од министерот за образование и наука Јетон Шаќири од ДУИ биле лажни.

Седумгодишниот Македон Димитровски во мај освои златните медали освоени во натпревар по математика, во конкуренција со 4.000 учесници од цел свет.

Македон е мал генијалец: Решава задачи за средно и освојува медали, учи јазици за миг, галаксиите ги знае до детали. Но тоа не е доволно државата да инвестира во него и да му помогне во образованието и развојот.

По неколку месеци од ветувањата дека ,,Златниот” Македон ќе ја добие потребната поддршка се покажува дека родителите и генијалецот биле лажени и дека тој не треба да очекува никаква помош од земјата која ја прослави во светот на науката.

,,Денеска покрај медалот по математика добивме и голем пораз од државата.
Имено пред неколку месеци кога Македон ги освои првите златни медали по математика бевме повикани во министерството за образование на прием кај министерот.
Таму бевме дочекани со сите почести со многу сликање, поклони, ранец и книги за Македон. И најважното, многу ветувања:
-прво дека ке се среќаваме еднаш месечно за да видиме како напредува Македон и на кој начин тоа да се артикулира
-беше ветено од страна на министерот дека ке стапи во контакт со сите големи амбасади за да и они помогнат во процесот на едукација на Македон
-дека ќе се формира комисија што ќе направи програма за надарени деца за да може во иднина да ги едуцира овие деца
-Ни беше каѓано дека има потенцијални спонзори кои сакаат да останат анонимни да финансираат неограничени средства во школувањето на Македон.

И уште многу други работи ……..

И сега после неколку месеци покрај многу повици од наша страна до истото тоа министерство конечно ни кажуваат дека сето тоа било една голем фарса и дека од сето тоа што го ветиле нема ништо.

Ни кажаа дека амбасадите не можеле да ги контактираат на соодветно ниво туку во неформални контакти биле незаинтересирани, дека спонзорите одеднаш станаа незаинтересирани а државата не може да инвестира во ваков тип на образование.

Со еден збор добивме едно големо НИШТО на денот кога Македон го доби третиот медал по математика замислите на светско ниво.

Што треба едно дете со таков или со такви успеси да направи за да добие подршка од дрзавата
За сега една големо “0”, прашува таткото на Македон, Владимир Димитровски.