Генералното собрание на Обединетите нации гласаше за резолуција со која се повикува Русија да ги прекине непријателствата во Украина и да ги повлече своите сили.
Иако резолуцијата не е обврзувачка, тоа значи дополнителна изолација на Русија, констатира АФП.
Резолуцијата беше усвоена со 141 глас за и 32 воздржани. Шест земји и се придружија на Русија во гласањето против.
Останатите 15 земји кои гласаа против или воздржани беа Белорусија, Боливија, Камбоџа, Куба, Еритреја, Екваторијална Гвинеја, Иран, Лаос, Мали, Никарагва, Северна Кореја, Сент Винсент, Сирија, Венецуела и Зимбабве.
Пекинг се воздржа од гласањето, што е четврти таков чекор откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари минатата година.
Во “микровен лплан“ од 12 точки објавен денеска на одбележувањето на првата годишнина од војната, Кина ги повика Русија и Украина да одржат мировни преговори што е можно поскоро и предупреди дека нуклеарното оружје не треба да се користи во конфликтот.
„Сите земји треба да ги поддржат Русија и Украина да работат во иста насока и да го продолжат директниот дијалог што е можно поскоро“, соопшти Министерството за надворешни работи на Пекинг, нагласувајќи дека „не треба да се користи нуклеарно оружје и да не се водат нуклеарни војни“.
Кина, исто така, ги повика Русија и Украина да избегнуваат напади врз цивили.
„Страните во конфликтот мора строго да го почитуваат меѓународното хуманитарно право, да избегнуваат напади врз цивили или цивилни објекти“, соопшти Министерството за надворешни работи на Пекинг.
