Едиторијал: Идиоти остануваат идиоти и кога невини деца гинат (ФОТО)

Додека во Македонија се разврза дебата за говорот на омраза од нелуѓето што мислат дека смртта на недолжните грчки граѓани и деца во пожарите во Атина е добра работа, од југот сигна одговор и за оние што покажаа искрено сочувство со жртвите на катастрофалната природна непогода во која загинаа најмалку 70 луѓе а повредени се стотици.

Expres.mk повикува на соодветна реакција на македонските правосудни органи за нечовечките и непримерни коментари со кои се оправдува смртта на било кој човек вклучително и на грчките граѓани.

За идиотите како овој Грк нека се занимаваат грчките правосудни органи и неговата совест.

Профилот Terry Anton вака одговара на изразеното сочувство од страна на Македонци по повод смртта на десетиците луѓе во близина на Атина.

„Вашето сочувство не значи ништо. Вие бугарски Словени сте еб..и крадци. Вие го украдовте целото проклето име на вашите соседи и сега упатувате сочувство. Тргнете ги вашите крадачки газови. Не ги сакаме вашите лажни сочувства“.

Пораката која предизвика вознемирување кај македонската заедница на социјалните мрежи ја објавува претседателот на Обединетата Македонска Дијаспора Мето Колоски на својот Фејсбук профил.

Нема повеќе детали за тој што ја упатил пораката и кому поважна му е омразата кон Македонците отколку тагата кон своите сонародници или грчки пријатели.

Expres.mk упатува апел кон сите луѓе особено тие што имаат влијание на социјалните мрежи да не повикуваат на омраза кон никого ниту кон жртвите на грчките пожари. Политичките разлики и недоразбирања со нашите јужни соседи не смеат да влијаат на нашето хумано расудување за сите па и за сегашните човечките трагедии близу Атина без разлика на неправдите и злосторствата што во минатото биле правени кон Македонците.

Екипа Expres.mk