Во Македонија во последниот период се случува досега невидено целосно редефинирање на дефиницијата за борба за заштита на националните интереси во односите со една соседна држава.

Холандскиот експерт за Балканот Ханс Ван ден Берг кој од блиску ги следи процесите во Македонија смета дека во земјава се случува досега на други места невиден процес.

“Единствено (во Македонија): Помилуван (за корупција) премиер бара помош во преговорите со соседната земја преку двајца поранешни премиери (обвинети / осудени за корупција) со став за соседството, па дури и националноста на соседот. Целосна нова дефиниција за одбрана на националните интереси”, пишува холандскиот експерт.

Ван Ден Берг споделува вест и коментира во врска со информацијата во која се вели дека екс премиерите Георгиевски и Бучковски се истурени играчи на Заев.

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ нивниот став за Бугарија е и став на Заев затоа што Бучковски кажа дека за тезите на Георгиевски за обезличување на Македонија вреди да се разговараат.

“Бучковски го подржува Георгиевски, а Бучковски е повереник на владата за спорот ао Бугарија. Ставот на Бучковски е и став на Заев.

Заев, Бучковски и Георгиевски имаат за цел да го избришат македонскиот народ и да го престават како нова творба. Тие го обезличуваат нашиот идентитет, јазик и култура.

Заев, Бучковски и Георгиевски молчат на сите провокации и мешања во внатрешните работи на Бугарија во Македонија.

Заев, Бучковски и Георгиевски се причината поради која Бугарија се чувствува комотна да ја понижува Македонија”, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за тројцата премиери.