Еди Рама во посета на Хашим Тачи во Хаг

Премиерот Еди Рама денеска беше во затворот во Хаг за да се сретне со поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи, објави Еуроњуз.

Ова го соопшти тој, преку видео порака објавена на неговата официјална Фејсбук страница, на која се гледаат неколку моменти од влегувањето на албанскиот премиер во затворските простории во Хаг.

Посетата доаѓа во време кога треба да се одржат судските седници во Специјалните совети за поранешните лидери на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи.

Тие се наоѓаат во притвор од ноември 2020 година. Формалното обвинение против нив вклучува обвиненија за воени злосторства.