Албанскиот премиер сними видео со поддршка на Демократската партија на социјалистите (ДОС) на Црна Гора, во кое се обраќа на англиски јазик.
Во еден момент Еди Рама изговара на српски „Одлучно за Црна Гора“, што е слоганот на изборната кампања на ДПС, и додава: „Благодарам драг Мило што постоиш“ .
Тој зборува и за добрите односи меѓу него и премиерот на Црна Гора, Ѓукановиќ, пријателството што го имаат и на тој начин ѝ дава поддршка на власта во Црна Гора, пренесува Б92.