Еди Рама ја прозва Америка: Ни должите!

Албанскиот премиер изјави дека САД имаат долг за подмирување кон неговата држава поради засолнувањето на припадници на иранската опозиција во камп близу Драч, поради што државата се соочи со кибер-напади од Иран,јави МИА.

„Nе можете да правите сојуз со стратешки сојузници кои земаат што ви се допаѓа и отфрлате она што не ви се допаѓа”, вели Рама.

Гостувајќи во телевизиска емисија тој истакнал дека една држава има обврски и моменти кога мора да стане вредна за нејзините најголеми сојузници

@Имате свои обврски … Ние го нудиме нашиот дом, тие треба да им гарантираат егзистенција, а вие да гарантирате безбедност. Денес е јасно дека ние си го завршивме својот дел, тие опстанаа, додека нашите сојузници имаат долг да за подмирување кон нас, посочил Рама.

Во кампот кај Драч се сместени над три илјади припадници на иранската опозиција, МЕК.