Еди Рама го прогласи претседателот Мета за „луд“

Во пресрет на денешната пленарна седница на албанскиот Парламент на која на дневен ред е барањето за импичмент на претседателот Илир Мета, премиерот Еди Рама изјави дека Парламентот е должен да реагира во име на народот кога претседателот „полудува“,

„Илир Мета презеде чин кој е непознат во историјата на светското владеење. Потпишува указ за избори, па го поништува… Илир Мета го изгуби правото да остане во канцеларијата на претседателот на Републиката, се додека моќта на народот е во Парламентот и се додека Парламентот има должност да реагира во име на народот доколку претседателот полудува“, порача Рама од митинг во градот Дивјак.