Еден загинат во судар на автомобил со воз во близина на Прилеп

34-годишен маж го загубил животот во тешка железничка несреќа меѓу воз и автомобил која се случила утринава во близина на Прилеп.

4NEWS.mk пренесува дека во несреќата животот го загубил 34-годишен маж со иницијали Д.М.


Според првичните информации, возот кој сообраќа на релација Битола-Скопје во близина на Прилеп удрил во патнички автомобил при што едно лице го загубило животот, а друго итно е хоспитализирано со сериозни повреди.