Во престрелка и тепачка во кафеана во Приштина повредени се 17 лица, изјави директорот на Ургентниот центар во Приштина, Насер Сиља.

Од 17 повредени, седуммина се повредени од огнено оружје, пренесе Б92.

Почина еден маж Кастриот Рамадани кој беше повреден во кафеаната „Бон вивант“, а од скршени чаши и шишиња се повредени 17 лица, од кои 14 девојчиња.

Од Клиниката за интензивна нега потврдија дека се работи за 39-годишен маж.

„Еден од повредените починал синоќа, бил на интензивна нега, му била извршена хируршка интервенција, но за жал утрово починал поради тешки повреди“, соопштија од Клиниката.
Инцидентот се случил по расправија меѓу две групи млади момчиња.

Имаме вкупно 17 повредени, од кои седум со огнено оружје, а 10 со други повреди од скршено стакло или инвентар. Возраста на пациентите се движи од 20 до 39 години“, изјави директорот на Ургентниот центар во Приштина. Насер Сиља.

Случајот го потврди и полицијата.

Агрон Боровци, портпаролот на полицијата за регионот на Приштина, изјави дека се идентификувани најмалку двајца осомничени како инволвирани во случајот и дека се работи на идентификување на можните осомничени.

Пукањето било пријавено околу 23:30 часот во кафеана на улицата Реџеп Луча во Приштина.

Еден осомничен маж се уште е во бегство.