„Еден Рашковски заменет со Зекири, и двајцата фатени во апашлук“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

По Драги Рашковски, најдобриот другар на Заев, сега и кумашинот на Заев, Мухамед Зеќири е фатен во криминал, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по 30-дневниот притвор што го доби досегашниот ген-сек на владата осомничен за злоупотреба на службената положба и проневера, поради што вчера поднесе оставка .

„Заедничкото за овие двајца освен што се луѓе од доверба на Заев, е дека беа и генерални секретари на владите на заевизмот. Веројатно шемата е иста, преку матни зделки милиони народни пари да се одлеваат во приватни џебови. Еден Рашковски заменет со друг Зеќири и двајцата фатени во апашлук“, се наведува во партиската реакција.

„Ако Рашковски правел криминогени далавери со софтвер кој сам на себе си го продаваше со народни пари, сега во случајот со Зеќири е правена студија за продажба на Македонска пошта во износ од близу милион евра, без да има тендер.

Додека Македонска пошта има нередовни плати, Зеќири направил милионска зделка и ја доделил на негови партнери од Хрватска, а за возврат добиваат ‘семинарски труд’“

Како и Рашковски, така и Зекири ова не го правеле на своја рака, туку зад ова седи ликот кој е капо ди тути капи на мафијата.

Ете затоа народот осиромашува, а елитата на власт од СДСМ и ДУИ продуцира милионери од обични голтари.

Следниот пат кога владата на СДСМ и ДУИ ќе убедуваат дека нема пари за поголеми плати на наставниците и дека тоа ќе предизвика инфлација, нека одговорат како милиони евра завршуваат на софтвери, студии, матни зделки и набавки“, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.