Еден починат на 10 септември и 53 нови случаи коронавирус за 24 часа

Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин евидентирано е едно починато лице од Скопје на 82-годишна возратс, кое починало во болнички услови на 10 септември.

Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирани нови 53 Ковид-случаи од 546 направени тестови.

Регистрирани сe 103 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 2.165.679 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.519, бројот на оздравени пациенти е 332.422, на починати е 9.527 а бројот на активни случаи изнесува 570.