Еден од загинатите во сообраќајката имал 16 казни за 6 месеци

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска соопшти дека еден од загинатите во синоќешната сообраќајка во Скопје имал 16 казни од јануари.

Тој соопшти дека на булеварот „Борис Трајковски“, каде што се случи несреќата во која загинаа две лица – 20-годишно момче и 48-годишен маж, биле изречени дури 369 казни за брзо возење од јануари годинава.

Дваесетгодишникот управувал „голф“, а другото возило било „пежо“.