Еден од повредените во престрелката во Мала Речица е во тешка состојба!

Еден од двајцата повредени денеска во престрелката во Мала Решица во која беше убиено едно лице, се наоѓа во тешка состојба.

Тешко повредениот Флорим Мисини, кој е од Куманово, бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Во претрелката загина Наип Реџепи, висок функционер на ДУИ, а другиот кој исто така бил ранет е негов близок роднина, јавуваат медиуми.

Приведени биле две лица во врска со инцидентот, јави Алсат М.

Сите учесници во денешната престрелка во тетовска Мала Речица, на околу 300 метри од централното седиште на ДУИ, се членови и активисти на албанската владејачка партија од огранокот во Куманово, пишува Фокус повикувајќи се на добро упатени партиски извори.