Вечерва во 20.30 во рамки на 43-тото издание на манифестацијата „Скопско лето“ 2022 во Сули Ан ќе се одржи концерт на групата „БАКЛАВА“ – „ЗА СКОПЈЕ СО ЉУБОВ“.

Гостите ќе имаат прилика да уживаат во музиката на Балкава и во гласовните можности на Елена Христова (Елена Баклава ) пеач, музичар, композитор, истражувач и документарист.

Христова е позната како творец и изведувач во својот матичен бенд Баклава, но и по многубројните проекти како член на бендот Баба Зула од Турција, бендот Бекјард Џез оркестра, коавтор на проектот Биоскопија со Горан Трајкоски и соработник во многу проекти и бендови како во Македонија и Турција кои се нејзини живеалишта, така и ширум светот.

,,За Скопје со љубов” е музичка разгледница во која таа ги опејува убавините и ги раскажува приказните на својот роден град Скопје. На сцената на (Сули Ан – Куршумли Ан), таа ќе изведе комплетно нови песни посветени на градот Скопје и низ приказни и фотографии ќе сведочи за нивното создавање.

Билетите се во продажба со цена од 200 денари.

Групата Баклава со една од најдобрите изведби на легендарната ,,Твоите очи Лено мори”, песна од Егејска Македонија