ДЗР: Ударна тупаница на концептот на Царовска добивала две плати кога била директор

Делчева – Диздаревиќ е на сликата десно

Директор на Агенцијата за вработување без редовен работен однос од април 2005 година ја раководел оваа институција, утврдиле од Државниот завод за ревизија кои ги чешлале финансиските извештаи на Агенцијата за нејзиното работење во 2006 година. За своето работење во Агенцијата, на директорот – хонорарец му биле исплатени 9.700 евра, од кои, само во текот на 2006 година 5.170 евра. Како што е познато, со Агенцијата за вработување во 2006 година директоруваше Јасмина Делчева – Диздаревиќ, која сега е една од главните промотори на новиот таканаречен концепт за елиминирање на предметот историја кој го води министерката за образование Мила Царовска.

Делчев Диздаревиќ тогаш била именувана од владата на Владо Бучковски за чиј близок соработник се смета а сега е дел од тимот на Царовска кој сака да го елиминира предметот историја од основното образование.

Бучковски е сега македонски преговарач со Бугарија која бара Македонија целосно да ја смени историјата по бугарски терк.

Дополнително ревизорите во извештајот за работата на Делчева – Диздаревиќ кога била директор а работела и на Институтот за Педагогија се сомневаат дека во АВ е направена злоупотреба со околу 327.000 евра, бидејќи во финансиската евиденција на Агенцијата стои дека за вработување на инвалидизирани лица биле исплатени 2,5 милиони евра, додека во податоците од Секторот за активни политики може да се види дека за истата намена биле исплатени 2,8 милиони евра.

Неправилности ревизорите утврдиле и во случајот кога деловен простор на Агенцијата бил даден под закуп без притоа да се спроведе постапка за јавна набавка во износ од 57.000 евра. Исто така, без владина одлука за користење на средства за финансирање на мерки за вработување на невработени лица, Агенцијата на УНДП му исплатила 1,1 милион евра за 2005 и 2006 година. Ревизорите не можеле да најдат податоци каде биле потрошени 3,4 милиони евра иако овие средства требале да се искористат за обука и преквалификација на инвалидни лица.

Дел од извештајот на Државниот завод за ревизија кој зборува за добивање на две плати на именуван државен функционер.

Неправилна примена на акти
11.2.1. Врз основа на Решение за именување на директор на Агенцијата за
вработување на Република Македонија, број 33-1533/1 од 18.04.2005 година,
донесено од страна на Владата на Република Македонија именуван е
директор на Агенцијата, кој не засновал работен однос во Агенцијата
спротивно на член 6 од Законот за работи односи (Службен весник на РМ
бр.80/2003 година – пречистен текст), согласно кој „Работодавниот орган,
односно законскиот застапник на работодавецот, правата и обврските од
работен однос, за време додека е именуван на тоа работно место односно
додека ја врши должноста на застапник, ги остварува кај работодавецот,
………„. Со Одлука донесена од страна на Управниот одбор определен е
надоместок за извршување на работите кои се во надлежност на директорот
на Агенцијата, иако согласно член 38 од Деловник за работа на Владата на
Република Македонија предлози на решенија за плати на именуваните лица
подготвува Комисијата за именување.
Исто така согласно член 151 од Законот работи односи (Службен весник на
РМ бр.62/2005 година) на работникот кој е избран или именуван на државна
или јавна функција му мирува работниот однос за време на вршење на
функцијата, ако вршењето на функцијата бара привремено да престане
да работи кај работодавецот.
Поради непочитување на законската регулатива и нерегулиран работен
однос на директорот на Агенцијата ревизијата констатира:
– Управниот одбор, како орган на управување со Агенцијата, не ја
прецизирал потребата од престанок на работниот однос на директорот
на Агенцијата кај претходниот работодавец (пред именувањето),
согласно член 151 од Законот работи односи, поради што ангажирањето
на директорот на Агенцијата кај два работодавци во исто време, можно е
да ја доведе во прашање организацијата и раководењето со работата на
Агенцијата како раководен орган на истата и
– без законски основ за надоместок за извршување на работите кои се во
надлежност на директорот на Агенцијата исплатени се средства

Целиот извештај за работата на Делчева – Диздаревиќ како директор направен од ДРЗ на овој ЛИНК

https://dzr.mk/Uploads/2006%20-%20Agencija%20za%20vrabotuvanje.pdf

Уште две поддржувачки на Царовска за новиот образовен „концепт“