Државниот здравствен инспекторат издал наредба до итно да се реновираат руинираните делови во битолската болница откако во јавноста се појавија вознемирувачки снимки од нехуманите услови во одделението каде престојуват пациенти со коронавирус.
„Тој дел од болницата пред почеток на пандемијата беше планиран за комплетно реновирање и преиначување во геријатриски центар. Меѓутоа заради напливот на пациенти, сите сте свесни за бројките кои ги гледаме во дневните билтени, овој дел од болницата е отворен за употреба, освен споменатиот санитарен чвор. Во моментот е издадено решение по кое директорката веднаш постапува за санирање на истиот.“, изјави Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ .