Едвард П. Џозеф од Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс од САД вели дека Макаедонија има закана од Бугарија, која не ја признава македонската историја и македонскиот идентитет.

„Договорот е за добрососедство, а однесувањето на Бугарија е сè, само не пријателско, дури и непријателско“, вели Џозеф кој учествуваше на меѓународна конференција посветена на украинската криза во Скопје.


Тој ги споредува договорите што Македонија ги направи првин со Грција и Бугарија за да се одблокира патот кон НАТО и ЕУ:

Според него, Договорот од Преспа, бил фер компромис, по што земјата стана членка на НАТО.

Но, Францускиот предлог со кој се тргна бугарското вето за членство на Македонија во ЕУ, не е тоа. Тој предлог ѝ дава надредена позиција на Бугарија, а тоа исто е грешка на Европската унија, вели Џозеф.

„Сега Северна Македонија треба да ги праша ЕУ, и Франција и Германија и другите, и да побара афирмација на македонскиот идентитет, да го афирмираат и да го признаат македонскиот народ, македонскиот јазик и аспекти од македонската историја“, вели Џозеф.