Џонсон: Почнува пресврт во борбата против короната

Во првото обраќање на нацијата по опоравокот од коронавирусот, британскиот премиер Борис Џонсон соопшти дека „постојат знаци оти Британија го достигнала пикот на болеста и успеала да спречи оптоварување на својот здравствен систем“.

„Затоа можеме да кажеме дека почнува пресврт. Вирусот е како крадец. Тоа го кажувам од лично искуство и ова е момент кога почнуваме да го совладуваме“, рече Џонсон.

Според него, се уште е рано за олеснување на мерките, бидејќи вториот налет на вирусот би можел да биде катастрофален, изразувајќи разбирање поради загриженоста на продавачите, уметниците и сите кои се занимаваат со бизнис.

„Мораме да го разбереме ризикот од вториот удар. Барам од вас да бидете трпеливи, бидејќи верувам дека сега доаѓаме до крајот на втората фаза од овој судир, истакна Џонсон, кој додаде дека во борбата против коронавирусот треба да се вклучи и опозицијата „доколку е тоа можно“.